прв (прид.) - воен (прид.)

Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Британскиот оддел на СОЕ во Каиро по испраќањето на првите воени мисии во штабот на Дража Михајловиќ и другите четнички штабови (септември 1941) започнал со подготовките за испраќање на мисии и на територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На територијата на Западна Македонија, во периодот од септември до декември 1943 година, дошло до формирање на поголем број партизански одреди, а на 11 ноември 1943 година во с. Сливово била формирана и Првата македонско-косовска народнослободителна ударна бригада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Честопати кога го надлетував Медитеранот во повеќегодишната мисија во Тунис се потсетував на мислите изречени од писателот- пилот Антуан Де Сент-Егзипери, прославениот автор на Малиот Принц, мисли жнеени во бескрајниот свет на тишината на ѕвездите, во неговите мисии како еден од првите воени пилоти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пристигнувањето на првите воени мисии на територијата на Македонија треба да се стави во контекст на сѐ позасилената активност на единиците на НОВ и ПОМ на територијата на Македонија при крајот на 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)