прв (прид.) - востаник (прид.)

Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првите акции на востаниците биле насочени против: османлиските чиновници, палење на спахиските тефтери и коџабашиските рабуши во кои биле запишани долговите на селаните.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И бидејќи бил јунак на приготвувањето, не можел да стане јунак на војувањето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште недоволно подготвено и изолирано од другите востанија на Балканот, на 7 (19) мај 1876 отпочнале првите востанички дејствија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)