прв (прид.) - голем (прид.)

4 Не бев она што се нарекува „шеесетиосмаш“. Иако во тоа време учествував во собирањата и го организирав првиот голем собир во улицата d’Ulm, бев воздржан, дури и вознемирен со одредената неусилена, сложна, контрасиндикалистичка занесеност, со одушевувањето поради најпосле „ослободените“ зборови, обновената „проѕирност“ итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во културата и во светот воопшто, уште не се сталожени брановите од тој удар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога заврши првата Голема војна, во 1918-та, која ја загуби Бугарија, Србите повторно го окупираа овој дел на Македонија и беа уште поосилени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И двајцата мора да биле проголтани во една од првите големи чистки од „педесеттите.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште одма пристигнува првото големо разочарување.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
_____ 5 Бегалците се радуваа што дедо Господ ги немаше сосема заборавено штом приближувањето на следната година го проследуваше со топло време, нека потрае, нека потрае, си велеа, дрвцата од социјалното пламнаа со првиот голем снег, убаво е штом северецот го замени југот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Ништо, ништо, - тетка Олга се обидуваше да не се вознемири, а веројатно се убедуваше дека навистина шолјата не е затната, па поради тоа ја направи првата голема грешка - го притисна копчето од казанчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија беше свесен за ова и се чувствуваше многу несигурен, затоа што кога ќе го упатеше погледот накај нив, знаеше што мислат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Треба одново да се прочита Рајховата “Масовна психологија на фашизмот” од 1933 (!), првото големо дело на толкување на непротолкувачкото, па да се види, на пример, со колкав успех фашизмот се трудеше на семејството да му го врати традиционалното место земено од капитализмот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во мајкината врска беа наредени и клучевите на старите исчезнати куќи, почнувајќи од првите кога дојде и до првата голема делба на семејството на старите рисјани и нивните преобратени браќа пред многу векови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)