прв (прид.) - есенски (прид.)

И токму настапија првите есенски дождови и лапавици, ги наполни аскер сите мариовски села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И првиот збор со затечените селани, жени, деца во куќите им беше: — Сик дишери, бе анасени ана, ѓаурлар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Мими се врати задоволна од првиот есенски излет, но многу изморена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некои цвеќенца што не можеле да ги поднесат ни првите есенски утра?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Плуснаа првите есенски дождови и лапавици. Жолтите лисја паѓаа по земјата и ја постилаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Би било убаво од моја страна да го замолам Иван да се сети како се викале тие цвеќиња?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)