прв (прид.) - наш (прид.)

- Тоа е првата наша македонска „фабрика“ - одговара Гоце и се смее...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба што побргу да биде готова, дури не дошол главниот мајстор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Десетина минути не влечеше низ густо населените предградија и квартови а потоа се случи првото наше запознавање со овој најголем холански град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште при првата наша средба во катедралата прозбореа нашите очи со невиден сјај, нашите погледи се сретнаа на половина пат и од нив летаа искри што пламнаа во силен оган на љубовта.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак, врати ѝ се на суштината сакам да си речам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зборови, зборови… а не е за на отпад и она упатство или шега дека зрелоста се мери само според количините наивности во нашите размислувања!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам на шупелката што имав среќа да ја запознаам уште при првата наша средба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беше прво наше прегрнување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)