прв (прид.) - негов (прид.)

Сето она што му припаѓа на егзистенцијалниот безизлез, стеснетоста, метафизичкиот егзил, паганскиот восхит, а особено поимот самоубиство, го наоѓаме веќе во првата негова најлуда книга.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Толе беше предупреден од Бешот дека постои организација, дека постојат и други комитети освен него, но оваа беше првата негова средба со луѓето од таа Организација.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Впрочем, првите негови раскази претставуваат варијации на расказите на славниот поет и прозаист.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во 1946 година излегува од печат првата негова детска збирка песни „Македонче“, во 1947 година поголемата приказна во стихови за деца обработена по народен мотив „Мице“, во 1948 година „Школско ѕвонче“ и „Во полската куќичка“ и во 1949 година излегува од печат книгата песни за деца „Крај огниште“.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Прва негова стихотворба. Убава? Којзнае. Тој не знае. Тој никогаш не пишувал стихови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најрадосните мигови од животот, раѓањето на детето, на првото негово дете, на нивното прво внуче, каде да биде ако не во татковиот дом?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги позна. Тоа беа жителите број 9 и број 7, првите негови соседи, едниот дискретен адвентист, другиот ситен чиновник, вљубен во својата мандолина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стојче го праша Шаќира што мисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)