прв (прид.) - нивен (прид.)

Ова е прво нивно повинување на женска наредба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во текот на првото нивно утро во Атина ни Елефтерија ни авторот не беа гладни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вистината е дека еден од првите нивни, ако не и прв популарен лик, Боривоје Шурдиловиќ-Шурда е дете на јужната пруга.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Таа никако не можеше да се сети на мелодијата од првиот нивни танец, тој ѝ пречеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најмалиот од трите Крстеви синови, Тодија, тогаш со секира си ги уби брата си Трајана, средниот, снаата Босилка, која беше трудна во седмиот месец, и првиот нивни син, Драгомана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)