прв (прид.) - објавен (прид.)

Со нив, во Арл, ја споделивме во кафеаната Ван Гог, во која бил редовен гостин славниот сликар, мојата радост за првите објавени страници од Татковите книги, десетина стории, преведени од швајцарскиот романсиер Луј Жино во списанието Ecriture, кое се објавува во Лозана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговиот прв објавен роман, Времето на козите (Le temps des chèvres) претставува чудесно напишана романескна алегорија за едно општество под ударите на еден тоталитарен режим со сите придружни аберации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)