прв (прид.) - официјален (прид.)

Инспириран од случајот на првата официјална женска туча на плоштадот во Скопје каде неколку скопски шмизли се изџигерија меѓу себе со шамари и боксои поради богат момак кој се вратил од гурбет ме наведе на една анализа на овој феномен кој е сѐ поактуелен во нашата посткомунистичка транзиција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Настаните се одвиваа со филмска брзина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На 13 декември 1989 година Арафат во првата официјална посета на Франција и средба со тогашниот претседател Франсоа Митеран, со залагање на тогашниот француски амбасадор во Тунис, Ерик Руло, близок пријател и голем познавач на палестинското прашање, ќе го потврди укинувањето на повелбата на Палестинската ослободителна организација, со која се потврдуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)