прв (прид.) - повоен (прид.)

Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„По мозочниот удар, брат ми лежеше неподвижен цел месец пред да умре,“ рече Јохана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првата повоена пролет ја сретнав Јохана Климт. Една година пред тоа дознав дека Густав умрел, но не појдов на погребот, не појдов да ја видам Клара, ниту пак ѝ се јавив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со Моне живеевме на Сењак, во мансардата на „вилата“ на г-ѓа Јамбришак, вдовицата на првиот повоен министер за здравство.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само, одвреме-навреме, ако се земе тоа за порок, играше покер со своите најверни пријатели во градот, верскиот муслимански поглавар Афз Б, угледниот турски интелектуалец и учесник во војната Мустафа С, во еден период министер за земјоделство во првата повоена влада на Народна Република Македонија, како припадник на турското малцинство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Малото вовче кое сообраќаше на тесната железничка пруга од Струга до Скопје, во тие први повоени години, беше последната реликвија од тој вид на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)