прв (прид.) - приватен (прид.)

Некаде во раните девеести започнаа да никнуваат првите приватни колонијалчиња.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се сретнавме со Роза, а потоа и со Стефан Јанков и договорот беше во ред до денот во кој првиот приватен театар го налегнаа финансиски тешкотии.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Роза е драматург во првиот приватен театар во Бугарија „Ла страда“. - Улицата. - Токму Улицата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За првиот приватен театар во Бугарија „Ла Страда“, формиран уште пред петнаесетина години, се сетив деновиве кога во дневниот печат прочитав дека има иницијатива за формирање на два приватни театри во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)