прв (прид.) - пролетен (прид.)

Во него, секоја година, во првите пролетни дни, се одржува најголем велесаем во Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но луѓето од безизлениата улица ги притиснуваа и јадри насреќи, им ги виткаа плеќите и ги менеа брзо и очигледно; така се менат првите пролетни дни под доцнежните и злобни зимски ветришта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отиде. Како никогаш да не стоела на прагот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, се прашав, секогаш ли младоста на момчоците почнува на првиот пролетен ден?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој ништо не истражувал и не докажувал. Лесново можело да има уште едно име - Заборав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак од првото пролетно сонце до есенските дождови луѓето го гледале каменот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Белите морнарски капи полетаа угоре, за поздрав на првата пролетна ластовица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)