прв (прид.) - септемвриски (прид.)

Рада со првите септемвриски денови влезе во деветтиот месец од бременоста. Телото ѝ беше оптегнато како балон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат. Ете што направивме!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја ослободивте ли пуста Македонија? — ги засипа со прашања Ѓорче Петров во еден од првите септемвриски дни беловодичките раководители Игета, поп Пана, Милана и Тошета, кој со сто и триесет момчиња и осум маски џебане се проби низ Кратовско Кумановскиот реон, го прејде Вардар над самиот Велес и преку Азот ја фати Бабуна, да може некако да помогне, ако е за помогнување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Годинава, во првите септемвриски денови, необично застуде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
6 Природата беше измиена од првиот септемвриски дожд што ден пред тоа обилно заврна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)