прв (прид.) - сончев (прид.)

Им се сретнаа погледите крај бледата светлина од жолтата ламба, победена од првите сончеви зраци.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Малите, тукушто раскрилени облачиња, проникнати од првите сончеви зраци, пламнаа и се разгорија на исток.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зад Тврдината преку реката се пробиваа првите сончеви зраци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Без било какви отстапки, знаеле точно да го утврдат, со прецизно мерење, паѓањето на тој прв сончев зрак на две места.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Марширањето со војнички цокули не престана до првите сончеви зраци. Сигурно се марширало на смени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Речиси со трчање, заедно со првите сончеви зраци стаса пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Светлината од светилките на терасата се слеваше со првите сончеви зраци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нашиот строг татко тогаш се претвораше во комичар!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се случуваше мајка ми рано наутро да влезе во татковата библиотека заедно со првите сончеви зраци, да ја угасне ламбата крај нејзиниот сопруг, заспан врз книга на која ѝ ги доверуваше соништата, односно ги примаше нејзините соништа... Така би некогаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Колку што настојуваше генерално да го согледа текот на настаните во светлината на ангажманот на Европската унија и САД, заплашена тие да не се претворат во војна како претходно во Босна, Хрватска и Косово, таа беше силно внесена и вникната во мојата судбина како човек и писател на една балканска семејна хроника во текот на XX век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Низ отворениот прозорец влегуваа првите сончеви зраци и паѓаа врз златните кадрици на убавата Лила што седеше сосема неподвижна и со стаклени очи рамнодушно гледаше во Благица којашто уште сонлива се протегаше...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Стевчо и Иван си ги допреа грбовите до ѕидот од плевната и си ги свртеа лицата кон првите сончеви зраци.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
По долгата и неизвесна ноќ, во која најголем соучесник ни беше стравот, блеснаа првите сончеви зраци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Среброто околу огледалото блеснуваше со првите сончеви зраци, кога Мајка ќе се најдеше крај него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)