прв (прид.) - студен (прид.)

Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Надвор се појавуваа првите жолти лисја кои пелистерецот ги лепеше на прозорците од куќите со помош на првите студени дождови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Важно со првите студени зраци на сонцето стигна бел и убав ковчег за дедо Констадин, а на Танаско не му требаше помош за да го смести во него, едноставно го црпна како што се црпнува малечко дете, го подржа малку така а потоа со солзи во очите и уште зборувајќи му Ех дедо Костадине са уткина уд ва каута!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)