прв (прид.) - утрински (прид.)

Утредента трчајќи пред времето, уште со првиот утрински автобус отиде во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога јас ќе станев ти веќе тргнуваше на работа среден, дотеран во костум и вратоврска, со испиено прво утринско кафе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Затоа оваа улица е шумна и жива зашто по неа се движат колони од автомобили кои се згуснуваат од првите утрински, па сè до подоцните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А тој самиот лежеше малечок, напола свртен кон прозорецот, брегот под него и длабокото небо, чувствувајќи како првиот утрински ветер му ги мрси пердувите зариени во килибарниот восок.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таму, на главната улица, забрмчуваат првите утрински ГСП автобуси: од останатата бучава ги одделува тврдоста на почетниот звук, па карактеристичното тропање отпосле.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)