прв (прид.) - ќе (чест.)

— Првиот брав да нема маана — велеше Лесната, кога Чолакот рече оти прв ќе донесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Спасот никојпат нема да ни дојде од пропагандите, зашто ако е денеска едната посилна – утре ќе стане и другата таква, а првата ќе ослабне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе ми стане прегласна тишината, кога ќе побарам зрак во темнината, кога водата ќе стане вино, а виното крв, првиот ќе стане последен, а последниот прв.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Да беше жив, прв ќе го лустрираа, со досие под име „Паркови и зеленило“, каде фигурираше како „внатрешен контролор“..
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па те нуди, како домаќин, да пивнеш нешто да се опуштиш, а ти знаеш дека по првото ќе се врзеш, по второто под маса ќе те бараат, а по третото - под него евентуално.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А гласот загадочно му рекол: „Надополни го просторот меѓу коските на отецот твој со месо, обнови го целосно телото на Словото, на таткото твој, и засекогаш ќе останеш во славата на царот и логотетот, прв меѓу првите ќе бидеш во царството над сите царства земни!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си ги крпиме чорапите и гледаме кој прв ќе се почеша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скарана сум со тоа, што се вели, уште на првото ќе ме фатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На првите ќе им ветиме помош во борбата за слобода, ќе ги насрчиме да ги заколат другите, потоа ние ќе ги заколеме нив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ранет бил, штитоносец бил, прв ќе појде со знамето на надевањата во нови преграби. Исклештено ждракал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја заборавил лузната што му се протегала од челото до под око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цветот што прв ќе ороне, треба по секоја цена повторно да расцути, ама тоа е како новороденчето да го враќаш назад во утробата на мајката, како откорнатикот да го засадуваш во родината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И како што ми кажува умот, тие први ќе ни забранат да зборуваме како што зборуваме сега, вели, оти се плашат за после.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)