првомајски (прид.) - парада (имн.)

Тогаш во Пионерскиот дом почнавме да се подготвуваме за Првомајската парада и веќе знаевме дека не е убаво да се лаже ни за први април оти тој што лаже и краде и цел живот ќе има вошки и ќе носи ѕиври.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Животот навистина не се уредува ни според чучулигањата на претците за тоа што ни се случило утре, та сонцето спокојно си се дотерува за претстојната првомајска парада.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Козите излегуваа, се постројуваа со козарите зад славното стадо на Чанга, како на големите првомајски паради.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да ги дочекаше со надрвените рогови, мукавената каросерија на нивното пајтонче ќе се распарталеше како макета на првомајска парада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Загорка умееше на неочекуван начин да си го искаже задоволството.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напротив, нивното појавување на замислените патеки во придружба на лигавата насмевка на Пачев Загорка Пеперутката го проследи како највпечатлив настап од првомајските паради па затоа и потстана и долго го изразуваше задоволството ракоплескајќи му на ова свое привидение.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)