преголем (прид.) - среќа (имн.)

Јас и Бреза со смеење паднавме врз креветот. Мајка ми се фрли врз нас и за малку ќе нè згмечеше од преголема среќа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Биди внимателна кога ќе дојде тој ден, кога и да дојде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше попусто да му се говори, видов, немаше збор за неговата преголема среќа...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чекав. Еден ден строго ја предупредив: - Јас чекам и ќе ја дочекам, се надевам, таа твоја среда, ама внимавај како ќе ми соопштиш дека дошла, оти може да побудалам од преголема среќа, може дури и срцето да престане да ми чука и да умрам од радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)