преден (прид.) - дел (имн.)

Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се фаќа по предниот дел на главата, онаму каде што обично стоеше некоговото полно лице и прстите му лизгаат по мазна кожа на која нема набор, нема нос нема усни, нема очи... Макс Мертен нема лик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но сега, во врнежливите дни, тие линии на тротоарот се полнеа со вода, а баш мојата десна нога беше обосена толку, што скоро целиот преден дел од ѓонот отпадна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откако отпадна сосем предниот дел на пенџето, кожата од згорнината почна да се збира и да ми ја открива ногата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На предниот дел од џамијата, ги забележа плочките со имињата на сите султани...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога Мајка го измете предниот дел од градината, пред липите, и се најде на две-три метра зад нив, се слушна стравотен удар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од едно мало кошарче во предниот дел на колибата, Бојан зеде три, четири компири и ги спушти во котлето над огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долгата стреа пред вратата и на предниот дел од колибата, беше зачувала еден појас црна земја, по која Бојан можеше да се движи, да појде до стреата, а да не загази во снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа ги пушти и говедата. Додека тие пиеја вода и се бавеа, изненадени од снегот, преку кој и тие не се решаваа да загазат, Бојан им фрли малку сено во предниот дел од тремот, оставајќи ја вратата отворена, сами да се вратат и да влезат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му беа отскриени само предните делови на лицето - очите, носот, устата и брадата - и само рацете и само тие го прикажуваа како жив чивек, кој заповеда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си ја избриша десната дланка од предниот дел на кошулата и ја фати раката на девојката за да ѝ помогне да помине преку калта, која сѐ уште беше леплива од вчерашниот дожд.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ѕидот се протегаше по должината на предниот дел на имотот, паралелно со патот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На дедо Васја му го одврзаа крпчето на нозете, нозете не го болеа повеќе - тој ги рашири рацете и плашејќи се да падне, се смести на крмата, внимателно седна и го загледа лицето на веслачот, во закопчаната до грло облека и со качкет на главата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На предниот дел од чамецот гореше свеќа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ЛИПСИНКА клекнува во предниот дел од просторијата, си ја гледа дланката како погоре, а потоа станува и ѝ се обраќа на придружбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
КАДАР (29) кадар со БАРБАРА како танцува во хармонија со ПРИДРУЖБАТА лево во предниот дел од сцената, близу до ЛИПСИНКА.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие се би дале да се ослободат од непријатниот израсток на предниот дел од главата, то ест лицето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чарли Офтика: „Многумина можат да се пофалат дека на предниот дел од своите глави, на лицата, имаат меснати израстоци популарно наречени носеви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Полегнал со предниот дел на ставата врз издолжениот врат на животното во страв да не падне под копита и под одмазда на голоракиот војувач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напаѓачот не ја пуштил сабјата но и не замавнал веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Азра се ослободи од тоа што ѝ остана во устата, отсекувајќи со јазикот од густото фрли полна плунка на чаршафот, го залепи левиот образ на предниот дел од бутовите на Андон кој сè уште, замижан, стоеше отпростум, го заграби со двете раце за задникот и силно го притисна кон себе, како со тоа да ја допразнуваше устата од која сѐ уште истекуваше сперма и се лизгаше по неговите нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Внимателно ги собрав прстите напред и тие, со јаболчниците на предниот дел, формираа петтолисна детелина распослана на местото каде што започнуваше устинката со розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој момент Азра првин одназад ја заграби (толку колку што можеше) испотената и рафрлана снага на Андон, му се залепи по целото тело, чувствувајќи ја неговата разбранетост на своите гради, на стомакот, на предниот дел од бутовите, додека тој се посилно удираше под отворениот задник на Лилица.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од предниот дел на салонот од вториот кат, каде што вечераа со Деница, се гледаа редица силно осветлени големи куќи што беа во составот на елитната населба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Миризбата која во раната пролет се ослободуваше од расцутените јорговани н враќаше во градината на нашата куќа преку границата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во предниот дел имаше неколку стебла јоргован, чии садници беа донесени од нашата куќа крај Езерото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но во тој момент значењето на предметот сличен на маска, што беше прицврстен на неговиот преден дел, ненадејно му стана јасно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Гледај: јас пиштол имам! - го вади лулето од устата и го врти предниот дел кон мене како цевка од пиштол.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ПРВА ПОЈАВА АРСО АРСО: (Седи под оревот, пуши, гледа десно загрижен и огорчен.) Не можам да го гледам како заѕиркува во секоја прачка...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На предниот дел колиба од пратови. Пред неа разгранет орев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На предниот дел од џамијата, може си видел, а може и не, на плочките со натписи, се впишани сите имиња на султаните и датумите кога џамијата е подигната, скоро пред сто години.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)