преден (прид.) - тркало (имн.)

На Нумо длабоко му го отвори своето срце и му се чинеше дека беше единствениот човек со кого можеше и имаше за што да разговора.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Моторот олцка и подлетнува, се поткрева предното тркало.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога камионите ги снемуваше, тој се навалуваше на каменот и гледаше во небото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се случи вака: јас, за да се покажам подобар од Земанек (иако првпат седнував на мотоцикл), одеднаш притиснав на гаста, и веќе следниот миг предното тркало на мотоциклот се крена во воздух; газдата вресна, скокна, се исплаши, но ништо не се случи: јас продолжив да возам само на задното тркало без никаков проблем, и така возев неколку минути, на рамниот дел од патеката, напред и назад!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледам моторциклист во селски алишта како се обидува да ја искачи на патека машината со сјајни златни букви над предното тркало.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- А што стана со Високиот? - праша Јован. - Удри со главата на карпата, а неговиот другар падна под предното тркало на камионот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)