преоден (прид.) - период (имн.)

Тоа е еден интересен преоден период, а ми се чини дека зборот “преод” стана дури синоним за маниризмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Марксовата визија за царството на слободата преку митот за преодниот период беше ставена во служба на обезбедувањето поддршка за Лениновата диктатура „на пролетаријатот“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тековниот преоден период (транзицијата) интелигенцијата ја лиши од чудовиштето коешто беше поттик за самоидентификација, ѝ ја одзеде силотворноста на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
•  со четвртиот ригиден член, без никаква резерва за евентуален дополнителен „преоден период“, се предвиде дека ќе престанат да важат оние одредби од колективните договори кои нема да се усогласат во законски предвидениот рок (чл. 48, ЗИДЗРО/окт.09). 53
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, при школска примена на Орвеловата двомисла, истите тие луѓе на кои им е смешен комунистичкиот мит за преодниот период, го бранат и веруваат во „пазарно-економскиот“ мит на транзицијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овој мит покажува очебијна идентичност со еден претходен мит, актуелен во бившиот систем, митот за преодниот период.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)