пресен (прид.) - вода (имн.)

— Абре, не ми се поплака, токо од ка се врати откај тебе чупето, не се држи. Море пее, море скока, море шетка, место не го ваќа, ене го, го грабна букарот и крши лејка, по вода отиде, ако беше п'н букарот пресна вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа најмногу предначеа нејзините врснички и другачки, а од нив најмногу Тасија Ризеска Дртма, мајка му на Алекса Ризески Дикса, и Илинка Јанческа Талеска Кривата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го наврте коњот на коритото, а сам тој испи, едноподруго, неколку копаничиња пресна вода, потоа се изми и преку сретселото, покрај ѕидовите Дамчески, одјава пругоре на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој го измислил а сите го прифатија, не дека снаата Илинка ката утро не ѝ носеше бардаче пресна вода и кивче босилек какво што таа, Трајана, секогаш имаше прикачено за шамијата над увото, туку дека жителите на Потковицата никогаш не стигнаа да ја прежалат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
С пресна вода она изреди ги сички, Појде подалеко там, Где мод зелен, расцвелиј шипец, две птички, Прусаха си тука-там, От гранка на гранка подлетваха пеејќи, Корен она навади И с усмихнато лице скина две вејќи Шипови, па тргна, сја скри.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Почнавме и пресна вода да си фрламе по петици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со пресна вода требало да си го измијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко со некој балсам, пресна вода, иљач.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)