престорен (прид.) - во (предл.)

- Се слуша дека овие страшни, неизлечиви епидемии се негово масло, дека крвавите наезди на источните фанатици ги предводи лично тој, престорен во белобрад старец со огнен поглед или во генерал со наежени мустаќи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во четвртата сцена, мажот Therese- Tiresias се појавува престорен во жена - Duchamp слично е облечен во Belle Haleine (1921).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во третата сцена таа низ прозорецот исфрла разни предмети, а меѓу нив и еден писоар, истиот оној предмет што Duchamp, истата таа 1917 г., ќе го изложи на изложбата на Независните уметници во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ги кренале очите во небото имале што да видат: по небото, со чудесна леснина, престорен во гулаб летал ли, летал самиот Мише Сечко.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислиш црните лезбејки, престорени во црни сливници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето тоа време тој всушност продолжуваше само да се искачува по нагорничавиот сокак од средселото до неговото маало, сиот престорен во лизгавици од децата, што се санкаа по мразот, а успеваше секогаш наново да достаса само до пред својата порта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, кога оној беше на средината од долината, доста блиску до него, и кога застана тука и се собра во едно сиво перниче со натулени уши, сиот престорен во прислушкување, Змејко дури тогаш зеде да се подготвува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Престорен во палка сега беспрекорна прелест-сјај, лач златоклун велја спрега славно спушта в сонеж-бај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Патокази в немир демнат грст сенки во таен кас, зрачнокрили едра ѕемнат вон кошмарот дух кој руди зли сили на пресврт час.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Остролики стрели лебдат зуј над сиот краткотрај, бистровидни глави веднат под сомнеж од студен преграб на зломрачен близок крај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)