претоварен (прид.) - со (предл.)

А потоа, оној мрак во испразнетите куќи, стравот што демне од секое ќуше, а и темницата; она чувство што го потхранува таа: дека секогаш постои можност и некој друг да се појави од длабочините на ноќта, некој што исто така е претоварен со страв!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подзапираме под една слива, претоварена со сливи модрачки и се развардуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)