прецизен (прид.) - информација (имн.)

Немаше одредено работно време, но задачата беше јасна: да имам навремена и прецизна информација.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Немам прецизни информации за пласманот на овој наш производ на иностраното тржиште, ама браќата Американци ќе да не се испотепаа да купуваат југа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ти имала власта прецизни информации од последниот попис на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)