пржен (прид.) - сланина (имн.)

Невообичаено, и за себе си постави чинија со пржена сланина и јајце, но не ја ни допре храната, но затоа испи два филџана црно кафе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со неа дедо Димо си печеше клиси, како што се вика печената или пржена сланина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој знаеше, од нејзините движења и од мирисот на пржената сланина и кафето, дека му го донесе појадокот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чувствуваше глад за леб, за варен или печен компир, за пржена сланина, но му беше потребно подолго време да си приготви таква храна, па мораше со нешто да го залаже својот изгладнет стомак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше во крцкавоста на пржената сланина и во тостот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)