привлечен (прид.) - и (сврз.)

Дури иако не наполно разбирлив, не барем за сите, и сепак со злокобно значење во себе, како да беше опасно да се држи под јазик, брзо се искплукуваше; секако, сеедно што за некои дојде привлечен и нов, ги присилуваше со магиска закана во себе да бегаат од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Но еден ден ќе се пробијам надвор, ќе ги раширам крилјата и ќе бидам привлечна и убава како тебе.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Постоеле машини што зборуваат, танцуваат, пеат, сметаат, привлечни и наивни претходници на нашата кибернетика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)