приземен (прид.) - дел (имн.)

Честотата на стапалките ме радуваше повеќе од старата логика во која секогаш сомнително се плеткаат читања, летања, но и слободни паѓања од карпи, во собата за сослушување во приземниот дел на оваа станица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Потоа го крена погледот и разгледа викендичката: куќичка на кат, приземниот дел се состоеше од уште немалтерисани ѕидови со отвор за гаража на којашто немаше врата, но катот беше убаво финиширана и со просторна тераса што се протегаше од крај до крај, долж предната фасада, целата застаклена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)