принуден (прид.) - егзил (имн.)

Беше тоа сојузот на поетот и револуционерот кој траеше со децении склучен со цел да се ослободи својот палестински народ и реализирањето во родната земја по долгогодишниот принуден егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш И така судбината сакаше да се најдам крај животите на Јасер Арафат и Махмуд Дарвиш, во времето кога тие го водеа палестинскиот народ кон слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)