природен (прид.) - закон (имн.)

Но не, кај нас политичарите не ги признаваат таквите природни закони.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Одбиваше да прифати дека е природен закон поединецот секогаш да биде победен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние ги правиме природните закони.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште и пар зборови за денешните девици што ги изложуваме пред вашите (творјански) монструозни очи: Вулкански во меѓувреме стигна начисто да се прешалта на македонски и дури објави (специјален, луд!) речник на македонски зборови, за цело време шетајќи низ градот со своите три црвливи маски и не вадејќи го од уста неговиот неприкосновен херој Даркмен, а потоа и Дишан (три маски), Џојс (забележете какво огромно влијание врз трите писма на Вулкански има тој апсолутно најдобар писател во 20 век!), Набоков, главно сѐ некакви џиновски фалсфикатори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Станковски исто моментално шпарта низ Скопје, здебелен ко лилјак наждран од невестински коси (секој понеделник се пушта од една висока зграда и лета со своите огромни несмасни крилја чиј што шум вие го слушате таму некаде во етерот), и понатаму во сликањето фура циклуси (сега актуелен: Хитлер), и понатаму (со својот антагонистички компањон) се обидува да го објави „најдоброто уметничко дело по сломот на комунизмот, единственото дело што доволно широко ги сублимира сите аспекти на овој апокалиптичен крај на веков“, фамозниот стрип „Лабрис, тунел на стравот и ужасот“ кој, во мали дози, веќе една година излегува во Австрија, додека Сорос (единствениот реален културен спонзор во Македонија) ту дава ту не дава пари, очајно обидувајќи се да балансира меѓу незаситните (подолго време клинички мртви, и можеби поради тоа така скапи) државни “културњаци” (култур-трегераши, поточно) и оваа шепа јад од другата страна, тнр. “алтернативци”, кои според сите природни закони мора да ги има и мора да добијат шанса, но ете, ниту ги има баш, ниту пак македонскиот Сорос е доволно јак да престане да ја купува сопствената стабилност од купиштата прегазени лешинари (в. стр. 2, 3, 4).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега почнуваме да согледуваме дека ние самите во природата сме го проектирале тој математички поредок и дека природните закони не сме ги откриле туку Margina #26-28 [1995] | okno.mk 93 во најдобар случај одново сме ги откриле.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние, на пример, долго верувавме дека тнр. природни закони се некаде во природата цврсто укотвени и дека природата поради некои мистериозни причини е организирана математички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеме да направиме и други природни закони.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Никаде не стои дека природните закони се токму онакви какви што ние сме ги формулирале.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Луис Фрај Ричардсон постави природен закон што го опишува ова зголемување.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Природен закон, животен факт, неправда? Што и да е, боли вон критериумите и над очекувањата.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таму постојано оперираме луѓе што станале против природните закони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А потоа почнал да го мрази тоа што науката нумеричките кодови само ги проектира нанадвор, значи дека е некаква си равенка на веројатни природни закони, коишто би ја замениле самата природа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но тогаш почна да созрева сомнежот дека науката бројните кодови само ги пројоцира нанадвор, значи дека станува равенка за природните закони, кои би требале да ја заменат самата природа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Каде се чуло, заради љубов, некого да го избришеш од живите!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури ни мравите не го дозволуваат тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А да не го спомнувам она, дека не може да се изгради добар закон ако во него не се почитуваат природните закони.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега, за униформата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Слободоумците, секако, можат (со лична одговорност за тоа) да сметаат дека пред лицето на природните закони е сеедно, дали прастар оклоп или куса облека на кочијашот го облекува началникот, но во очите на искусните и сериозни луѓе, ова прашање секогаш ќе има предност пред другите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Всушност, тоа е прегнантна определба на координатите на еден фасцинантен имагинативен простор што е омеѓен од двата спротивставени пола на немиметичката книжевност: фантастиката на натприродното, што им се потсмева на природните закони или пак наполно ги игнорира и фантастиката на идното, сфатена како социјална критика.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)