природен (прид.) - процес (имн.)

Народите неподложени на рационалното - овде синоним за динамичен развој (а тоа секој мора себе да си го наметне, бидејќи таквото „наметнување” е внатрешен, иманентен природен процес на човечката историска состојба), тие народи со своето постојано НЕ на светот, народи на Антистав, народи испечени во реактивните „филозофии” на инаетот и тврдоглавоста, пизмата и песјалокот ќе останат history (историјата како минато, она одминато и надминато - во коишто се заглибило нивното „решавање”, нивното „постоење” во бивши судири).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Шумата околу него, пак, крцкаше со некои свои звуци на невидливи ситни животинки што скокаа низ гранките на боровите и со повременото осамено цврчење на понекоја птица што не заминала на југ. („Ако сите тие приказни за птиците што масовно заминуваaт на југ се вистинити“, си помисли.) Како градско дете, се сети, тој секогаш со голема скепса слушаше за природните процеси, движења и појави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но еден заеднички именител секако ги поврзува - обидот да се ослободи проблемот од „метафизичката конструкција“ и да се овозможи еден поширок и поквалитетен филозофски и научен пристап во неговото надминување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Покрај импресивниот напредок на науките во објаснување и предвидување на природните процеси, останува отворено прашањето може ли човековата мисла, свеста и самосвеста како основни елементи на духот, да се фати со „мрежата“ на научното познание.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се понадевав дека можеби ако се опуштам и прво се истуширам ќе ми стане полесно, па се соблеков и кога во огромните блескави огледала си го видов стомакот испрчен врз заднината на болскавите плочки, се запрепастив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Третиот ден престанав да се обидувам, со надеж дека како природен процес, само ќе ми дојде, но и тоа не се случи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во идеален случај уметноста треба да се слее во животот, сфатен како космички природен процес, и изгледа во тој правец треба да се бара смислата на Кејџовиот натурализам. 36 Margina #10 [1995] | okno.mk jazi~na poezija - partitura 3 Кејџовата употреба на јазикот е проследена со анархичност, споена со обидот во него да се внесе нешто од конкретноста и ликовноста на Кинеското писмо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој природен процес, му велеа, невозможно е да се имитира, да се копира; таа сила, таа тајна, ја има само природата: таа е господар...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тука имаме добра илустрација на моќта - и ограничувањата - на математичките и компјутерските модели на природните процеси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)