приспивен (прид.) - песна (имн.)

Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие, за да му олеснат на народот, му пееја приспивни песни и не му даваа да се разбуди за да не страда.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нема веќе кој да те спаси. (Излегува пеејќи приспивна песна. Двајцата зографи гледаат по неа.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И си мислевме и се прашувавме: дали таму каде што не носат ќе има ли некој кој ќе не погали со топла дланка како дланката на нашите мајки, кој ќе не бакне пред спиење, како што не бакнуваа нашите мајки, кој нежно ќе не погледне како што не погледнуваа нашите мајки, кој ќе ни се насмевне со насмевка на нашите мајки, кој ќе ни раскаже приказна, ќе ни запее приспивна песна, ќе ни избрише стежната солза?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа ми раскажува, а јас запишувам: намуртено збрчкано чело значи дека сонувала песочна бура што затрупува нечија колиба; изговарање на моето име значи дека сонувала пожар во сончогледово поле; помрднување на левото крајче од усните во вид на блага насмевка значи дека сонувала глутница волци што ѝ пее приспивна песна...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Понекогаш, кога ќе воздивнев, таа ми запеваше приспивна песна за мајката која бдее над своето дете онака како што месечината бдее над земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ме земаше в раце и излегувавме од дома и минувавме покрај дрворедите; со едната рака ме придржуваше, притискајќи ме на своите гради, а другата рака ја испружаше високо, откинувајќи цветови од најниските гранки на липите, костените и багремите, а потоа ги ставеше цветовите меѓу нејзиното и моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сетне и срцето, секогаш во согласност со животот, ги проретчило своите отчукувања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кога чедото ѝ го тргнале од боските, таа наредила да се однесе на спиење, но цела ноќ под ѕвездите се извивала топла приспивна песна, која и оддалеку била доволна за да не плаче детето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)