пријатен (прид.) - звук (имн.)

Мила навистина умееше убаво да ги движи прстите по црно-белите клавиши на клавирот, и од него да излегуваат пријатни звуци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сонцето топло грееше над градините, а воздухот мрмореше со пријатните звуци на пчелите и инсектите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дали затоа што немав никого друг слушнато како свири на клавир, освен ретко тетка Надежда од деветти кат, и тоа ако е ептен расположена, или затоа што Мила навистина знаеше добро да свири, мене ми се чинеше дека свири најдобро од сите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)