пријатен (прид.) - мирис (имн.)

Овој свет во допир со несовршенството на реалноста, во моите очи го отслика светот на мизерноста, болката, ужасот од уништувањето на се што создаде Бог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На ќумбето имаше тенџере од кое се издигнуваше пареа, но се ширеше пријатен мирис.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се крена топла пареа. Сладок и пријатен мирис се рашири низ куќата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во собата влезе пријатниот мирис на водена трева.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сега ќе спијам, мислејќи на прекрасното утринско сонце и пријатниот мирис на првото утринско кафе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нејзината глава му почиваше на рамото, пријатниот мирис на нејзината коса ја надвладуваше смрдеата од изметот на гулабите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со нив излегуваше од фурната и пријатниот мирис на топлите печени лебови што се димеа на тезгето, поредени правилно и строго, како добри војници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)