пријатен (прид.) - свежина (имн.)

- Сам отворам - сам затворам... си промрморев, при што не се чувствував ни малкуцка славно, туку со нога ја турнав вратата, сама да се затвори.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јунската ноќ беше исполнета со пријатна свежина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Од планината и од езерото струеше мека, пријатна свежина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пријатна свежина влегува низ отворените прозорци и во автомобилот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ме зафати пријатна свежина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тишина... да речам - дури штама во станот... се слуша само рамномерното чукање на ѕидниот часовник.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)