пријатен (прид.) - топлина (имн.)

Во купето владееше пријатна топлина која уморниот патник го тера на протегање и дремка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најпосле еве ги белите снежни покриви од високите градски куќи, еве ги осветлените прозорци, еве ги и црните оџаци низ кои избива дим и пријатна топлина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- О! - се зачуди кога ѕирна внатре. Се изненади од чистотата на ластовичиниот стан, и од пријатната топлина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Рада и Томо вљубени не ги отплетуваа рацете впивајќи ја пријатната топлина на циганското лето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Врати еднаш два пати клопчиња кадиш и тргна, засвети малечкото устенце и чиниш низ него веднаш се рашири пријатна топлина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се погали така додека господинот Гроздановски не почувствува пријатна топлина во ногата и, одеднаш, му рипна во скутот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Сега растур, а приквечерина - на нашето место!“ дорече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со Влатко, Дејко и Ташко излеговме на улица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Низ босите стапала во телото навлегуваше пријатна топлина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)