пролетен (прид.) - утро (имн.)

Едно пролетно утро, искачени на Калето, по обичај, погледите првин ни се упатија кон плоштадот и сега се судрија со една необично подвижна белина што наполно го исполнуваше просторот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Набргу целата гора запеа и сончевото пролетно утро се претвори во празник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како оние изненадувачки први цветови во руменото пролетно утро на гранките во дворот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И ако некогаш во твојот сон, сониш расцутени зумбули, нека те потсетат на нашите пролетни утра, на нашето заедничко време, на нашите часови, во мирисот на зумбулите скриени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но во ова пролетно утро и тој почувствува како му надоаѓаат сеќавања за дамна одминатите млади времиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас те сонив како ангел, како златокрила птица, која лета кон плавите хоризонти на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше пролетно утро кога стариот даб посака да се развесели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но таа помина пред Боцевата берберница во едно убаво пролетно утро, со ведро крената глава, и Соколе веднаш почувствува дека е свршено со мирното созерцавање и дека отсега ќе ја чека само неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)