пролетен (прид.) - џагор (имн.)

Од зад осојниот предел и зелените соништа на боровите пролетен џагор на вода и село загрнато со сончево зеленило: разграден храм без портал, без сводови, со кубиња поседнати на падината; Селаните се довикуваат со сите десет зборови; зборови од папрат, од болка, од подјадена месечина, (што талка низ миризливите гори). Зборови од малини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)