просечен (прид.) - плата (имн.)

Тука пред сѐ спаѓаат лешинарите пензионери кои имаат по 70 години, а вредно се бореле у другиот Светски рат тастирајќи ги вистинските борци кои воедно и загинале, а за тоа биле наградени од државата со нивните борилачки пензии кои изнесуваат колку 2 просечни плати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со други зборови, ако заработениот износ е понизок од просечната плата по работник утврдена за месец јануари во тековната година тогаш овие лица не плаќаат придонеси за социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Негативната промена е што организаторот на работата на корисниците на социјална парична помош повеќе не е должен да им обезбедува надоместок за покривање на трошоците за храна и превоз до и од местото на вршење на работата, до износ од 15% од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година. (чл. 8 од ЗИДЗСЗ/мај.13) Со рогацијата од март 2011 година дојде до позначителни намалувања на висината на глобите и тоа за 2/3 од претходно утврдените глоби за установата за социјална заштита (чл. 34 и чл. 35 од ЗИДЗСЗ/ март.11) и приватните установи и на јавните установи основани од општината, градот Скопје и општините во градот Скопје кои вршат работи од социјална заштита. (чл. 36 од ЗИДЗСЗ/март.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Трето, постои голема опасност од хонораризација на работниците, особено во трудово-интензивните гранки и во услужниот сектор, каде што со оваа мерка многу од работодавачите би биле поттикнати да склучуваат лица плаќаат придонеси е разликата помеѓу остварениот приход по овој основ и висината на просечната плата по работник утврдена за месец јануари во тековната година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со наредната измена од јули 2010 година46 се менува чл. 70 од Законот и се предвидува дека паричниот надоместок се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година за корисниците на паричен надоместок над 12 месеци, наместо како што претходно се усогласуваше со стапката на пораст на просечната плата остварена во Републиката во претходната година, за корисниците на паричен надоместок над 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со следната измена од декември 2011 година оваа сума се ограничува, т.е. дополнително се намалува на тоа годишниот износ кој го оствариле овие граѓани не смее да е поголем од утврдениот износ на минимална нето плата за претходната календарска година, или по исклучок да не е повисок од годишниот износ на минимална основица за пресметка и плаќање на придонесите која според овој Закон изнесува 50% од просечната плата по работник во Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се определи дека како отсуство не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор кај правото на работникот на бонус во висина од една просечна плата во Републиката, ако тој работел над 150 часа подолго од работното време, а притоа не отсуствувал повеќе од 21 ден (чл. 22 од ЗИДЗРО/фев.13); 28 Оваа дефиниција ја замени претходната, противуставна формулација која гласеше – „Работно време е секој период во кој работникот работи и е на располагањена работодавачот за извршување на работите и работните задачи согласно со закон“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Особено не беше јасно што точно се подразбира под „среќа“: еднаш тоа беше куп статистички параметри кои би требало да укажуваат на нечија благосостојба, висината на просечна плата или парот чевли по глава на жител.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нивната безгрижност се косеше со строгиот закон кој ѝ се додворуваше на Европската Унија толерирајќи ги само оригиналите, кои чинеа четвртина од просечната плата на македонскиот работник.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во Македонија не се протестираше, веројатно затоа што просечните плати беа дури една шестина од европската плата поради која Европејците глобално се бунтуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Оваа одредба двапати беше менувана со измените на ЗРО (2005): •  прво, во август 2008, таа се замени со порестриктивна одредба, според која, во наведениот случај, работникот има право на обесште- тување за неискористените денови на годишен одмор, во висина на просечната плата на работникот за тие денови (чл. 17, ЗИДЗРО/авг.08); •  второ, само по една година, повторно, се интервенираше во оваа повеќепати променета одредба – што, од своја страна, оддава впе- чаток на недоволна студиозност и номотехничке несериозност при подготовката на законите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трето, за набавка на опрема се предвидени средства во висина од 50 просечни плати и, четврто, за доградба и адаптација на работниот простор исто така ќе се исплатат средства во висина од 50 просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Александра Филиповска: Мнозинството сонува просечна плата; Дневник – on line издание, бр. 4227 (29.III.2010). 34 содржеа одредби околу престанокот на работниот однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако ЗПИО од 1993 година пропишуваше дека овие надоместоци не можат да бидат пониски од 60% од просечната плата остварена во Републиката во претходното тримесечје, од 1997 година тие не можат да бидат пониски од 40% од просечната плата (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со оваа измена и дополнување на ЗИПДНД (1992), новите казни беа драстично зголемени имајќи ја предвид просечната плата во 1992 година. 10 Дотогашните 45.000 до 450.000 денари кои беа предвидени доколку правното лице ги исплати платите и надоместоците спротивно на одредбите на овој закон беа заменети со 150 до 200 просечни месечни плати, додека казните за одговорното лице кај правното лице, од 2.500 до 25.000 денари, беа заменети со 30 до 50 просечни месечни плати (чл. 2, ЗИЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, со овој закон се пропиша дека, покрај паричната казна за стопански престап, може да се изрече и заштитна мерка – забрана за вршење на определени должности во траење од шест месеци до една година (чл. 15, ЗИПДНД/93). 10.  Согласно податоците на Заводот за статистика, просечната плата во мај 1992 година изнесуваше 42.858 денари. 186 Измената и дополнувањето на ЗИПРМ од 1997 година пов- торно ги промени казнените одредби, при што казните станаа по- благи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И, трето, воведена е и обврската организаторот на работата на ангажираните лица да им обезбеди надоместок за покривање на трошоците за храна и превоз до и од местото на вршење на работата, до износ од 15% од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година, а за ангажирање над пет дена и надоместок за ангажирањето, по потреба и во зависност од работното ангажирање (чл. 55, ЗСЗ/09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
а) Најповолните промени, но од гледна точка на работодавачите, беа донесени во 1995 година, кога сите предвидени казни за нив беа поделени во две категории: (1) казната за кршење на одредбите наброени во чл. 145 од ЗРО/93 – беше од 50 до 100 просечни плати; (2) за кршење на оние наброени во чл. 146 – изнесуваше од 40 до 90 плати: •  со измените од 1995, казната за првата категорија беше намалена на осум до 18 плати, а за кршењето на втората категорија – на шест до 18 плати (чл. 6-7, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прво, наместо пресметувањето на просечните плати според нивната висина во претходниот месец, воведено е пресметување според нивната висина во претходната година, што, фактички, значи нивно пресметување според пониска висина.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до одредбите кои се однесуваат на надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете, ЗСЗ (1997) пропишуваше дека висината на овој надоместок треба да изнесува 30% од просечната плата, а придонесите и другите обврски да се пресметуваат и наплатуваат во висина од 50% од основицата предвидена со Законот за пензиското и инвалидското осигурување (чл. 33, ЗСЗ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Второто дополнување предвиде правното лице што врши дејност распоредена во гранките производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност распоредена во областите од 12 до 14 (согласно тогашната национална класификација на дејностите), освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, платите за јули 1992 година и натаму да ги исплатува во висина на исплатената просечна месечна плата по работник утврдена согласно овој закон и усогласена со стапката на порастот на платите во стопанството за мај 1992 година во однос на просечната плата остварена во стопанството за март 1992 година и зголемена за 50% (чл. 3, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Четврто, кај исплатата на средства за адаптација на работното место наместо исплата на 30 просечни плати според нивната висина во претходниот месец пред поднесувањето на барањето, предвидена е исплата на фиксна, и пониска, сума од 100.000 денари.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Петто, наместо исплата на 50 просечни плати за набавка на опрема, се пропишува исплата на средства до 200 просечни плати при што барателот мора да учествува со 20% од средствата, а износот на доделените средства може да биде најмногу до висината на имотот и трајниот капитал на барателот, кој мора да достави хипотека и 2:1 или гаранција за остварените средства.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А, во посебен член, признато е и правото на обештетување, при што е наведено дека во случаите на дискриминација, кандидатот за вработување или работникот има право да бара надомест на штета – во висина од пет месечни просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прво, за вработување на инвалидно лице на неопределено време се доделуваат 20 просечни плати, а за вработување на слепо лице со 97% оштетен вид и телесно инвалидно лице со 90% телесно оштетување – 30 просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трето, во случајот со потполно слепите лица и телесно инвалидните лица на кои заради движење им е потребна инвалидска количка дојде до зголемување на висината на средствата што се исплатуваат од 30 на 40 просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)