прост (прид.) - причина (имн.)

Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доколку вози ауто таа е потенцијална опасност за околината од проста причина што е самбендисана и речиси никад не застануе на пешачки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Конечно Камилски предложи овој збор да остане во листата на опасните зборови, од проста причина што тој никогаш не можеше да стане безопасен, како и да го толкуваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што се однесува до активирањето на полиња за заштита на работничките права, вреди да се нагласи дека Зефиќ е член на здружението за заштита од мобинг, а во КСОМ е претседател и на Комисијата за мобинг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До сега таа не учествувала во некој штрајк на работно место, од проста причина што таков и не бил организиран, а додава дека доколку во иднина се организира, ќе биде во „правниот дел на подготовката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ниту една сојузничка влада не беше заинтересирана него да го поддржува.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, "додека Павелиќ и Недиќ се согласуваа дека Југославија не може да опстане без сила, Југословенската влада во емиграција го промени својот политички курс од проста причина што пансрпското движење претрпе целосен неуспех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мислам дека веќе ја нема, ама мене ми е арно во најзадниот ред со ѕидот зад грбот од проста причина што никој не може да ми гледа во вратот, во алиштата, во тилот, а јас можам сите да ги гледам и да ги анализирам.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Не, - рече таа, - не може од проста причина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пред сè, од Патувањатасе добива впечаток дека целата земја е покриена со злато, а тој никаде не можеше да види ништо слично.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој можеше да се преправи во тој брат од простата причина што вистинскиот брат по некој случај останал во Амакава во моментот кога „црниот брод“ со духовничката дружина испловил на морската шир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)