простран (прид.) - двор (имн.)

Единствено место од кое можеше да се влезе во пространиот двор беше големата дрвена порта.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во средината на пространиот двор стоеше со вкус направен летниковец со два покрива еден врз друг, изработен од нечии вешти раце во кинески стил.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Центарот беше обезбеден со три стражарски места и со видеокамери поставени на високи метални шипки, со што во одделението за наблјудување и алармирање можеше да се забележи секоја промена и движење во пространиот двор, во паркот и надвор од оградата, во појас од десетина метри.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чанга беше станат. Козите беа излезени од шталите среде пространиот двор на куќата на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)