пуст (прид.) - остров (имн.)

За најприврзената, единствената која што во мачните изгнанички години страдаше со него по пустите острови, која го храбреше, советуваше, која му роди и отхрани во гордост и топлина два сина – за неа тој беше убеден дека го труе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На многу пусти острови, тие биле единиот живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога сум во негово присуство, посакувам да го однесам на пуст остров и да останеме таму.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Останав среде пустиот остров на судбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)