пуст (прид.) - печалба (имн.)

Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж - роб! Жена - роб! Син - роб! Ќерка - роб! А мајките; само за солзи се родени!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се крепев со молитва и си велев - И нему не му е лесно, таму некаде - кај и да е на пуста печалба...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Мислата му бега далеку - во она послежно враќање од пуста печалба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И во најтешки страданија на пуста печалба во земји далечни - ниту сум се откажал, ниту сум хулел...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И што друго можел? Или со пушка во гора или со торба на печалба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)