пуштен (прид.) - низ (предл.)

Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Имаше облечено црвен фустан, носеше црвени чевли и црвени обетки на ушите, а косата ѝ беше црна, многу долга, и пуштена низ рамената како на една слика од времето кога мајка ми била на твоја возраст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Долгите раце му се пуштени низ телото, колениците опнати како затегнат лак. Чинам: се готви да ме прескокне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)