работен (прид.) - кабинет (имн.)

Едно обично биро, еден удобен железен кревет и уште еден скромен работен кабинет и една обична вазна за цвеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден ден пред Татковото враќање во Архивот, по боледувањето, кога беше донесена одлука да му се одземе работниот кабинет со сиџилите, директорот Мирон Донски, во пароксизмот на својот бес, го повикал Псалтир Палигоров на разјаснување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во првата помала просторија беше неговиот работен кабинет кој водеше во најголемата просторија приспособена во библиотека со десетина високи сталажи како во сите градски библиотеки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во моите чести посети во неговиот работен кабинет забележував с повеќе досиеја од Балканот, наредени едно врз друго, како вистинска тврдина од хартија, која често му ја затскриваше едната половина од ликот, кога беше седнат зад својата работна маса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така беше при повеќето наши средби во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Влеговме во неговиот работен кабинет. Нѐ послужија со чај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)