разен (прид.) - болест (имн.)

Секој мост што ќе го направеа од греди, водата ќе го однесеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаевме дека таму од крајот на јули 1948 до крајот на октомври 1949 година, од разни болести изумреа старци и поголем број бебиња и едно и двегодишни деца, па морало да има гробишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ што правеше во животот сакаше да биде перфектно, па и кога се подготвуваше за специјализација консултираше многу книги, читаше на Интернет за разни болести.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се распрашуваше и му кажуваа. По буните и војните наидоа безредијата, немаштијата, гладот и разните болести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Нели луѓето често боледуваат од разни болести: те глава, те стомак, срце, кашлица, нап-надвор и друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Топлата сулфурна вода лечи разни болести: реума, ишијас, чир во стомакот, мајасул, начеток, егземи, астма, црвеница, жолчка, бубрези, катар и многу други болести.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)