разен (прид.) - големина (имн.)

Ателјето му беше украсено со разни слики и во разни големини од деца и возрасни од селото и од околните села што доаѓаа кај него да се сликаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А човекот оној беше трговец со две нешта, оти само две нешта видов на тезгата негова на пазарот: пајаци во разни големини и од сорти разни: страшни и отровни, нестрашни а отровни, страшни а неотровни, нестрашни и неотровни; и, клучеви многубројни, златни, за непознати клучалници.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По цел ден береше смил, горе високо над ливадата, плетеше златно – жолти венци со разни големини и ги закачуваше насекаде низ куќата, најмногу горе во нејзината соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убава беше нашата куќа таква накитена и намирисана со тоа чудно и чудесно цвеќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одајата во која нѐ внесе домаќинката – широка, подот послан со шарени черги и на ѕидовите, во разни големини, обесени фотографии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Ене, на онаа полица имаме секаков алат: метро, пила, чекан и чеканче, клешти, дури и моторцангли, сврдел, турпија, кутија со клинци и завртки од разни големини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нема мајсторија без алат“ рече Влатко, свесен дека кажува нешто многу важно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ќе ги земаме тркалата“ реков, „ајде доста смеење, треба да се работи!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)