разен (прид.) - прашање (имн.)

Кога Толе си го кажа името и прекорот — Паша, сите четници се загледаа еден со друг и го засипаа со разни прашања, очигледно доволни што им се даде можност да го видат лично легендарниот арамија Толе Паша за кого одамна имаа слушано безброј легенди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одговара на разни прашања, ги мери луѓето околу него и се му се чини дека сите зло му мислат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да дојде маѓосник меѓу нив, таква самоувереност ги опфати, та почнаа дури и да ја потпеваат Толевата песна: „Нешто ќе те прашам, бабо".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Католиците и православните христијани често запаѓале во меѓусебни несогласувања по разни прашања, а понекогаш си противречеле дури и самите себеси.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие весници овозможуваа форум за политички расправи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овозможуваа размена на гледишта за потребите на заедниците, за спроведувањето на локалните политики, за политиката на сексот, за опасноста од сидата и за она што треба да се преземе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А поттикнуваа и мобилизација на геј-луѓето околу разни прашања што ги засегаа во нивните средини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, геј-весниците и геј-книжарниците ги обнародуваа новите дела од областа на геј-историјата и квир-теоријата, толкувајќи ѝ ги на заедницата нивните дострели на јазик што заинтересираните читатели можеа да го разберат. ‌Разбивањето на геј-населенијата и разнебитувањето на геј-маалата значеше исчезнување на материјалната и на стопанската основа на геј-печатот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без значајни геј-населенија концентрирани во маала, погонската основа на геј-движењето во конкретните општини значително ослабе.449 Економската основа на геј-медиумите исто така многу се намали: од град до град, локалните геј-весници пропаѓаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Првиот внатрешен лист беше изнашаран со многу цветови, срца и прашалници - со разнобојни фломастери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Понатаму, на секој лист во првата редица беше напишано по едно прашање.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На пример: име, презиме, кога си роден, каде си роден, каде живееш - и разни прашања во врска со тоа што сакаш, што нејќеш, а на крајот и разни прашања од личниот живот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)