различен (прид.) - име (имн.)

Овие симболи се познати под различни имиња: логографи, логограми или - кога станува збор за ориенталните јазици - карактери.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие понатаму се делеле на разни начини, носеле безброј различни имиња, а нивната бројност, исто како и нивниот меѓусебен однос, се менувале од ера во ера: но основната структура на општеството никогаш не се менувала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие понатаму се делеле на разни начини, носеле безброј различни имиња, а нивната бројност, исто како и нивниот меѓусебен однос, се менувале од ера до ера: но основната структура на општеството никогаш не се менувала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа не треба да се чудиме, како што пишува Октавио Паз, кога “во она што се нарекува Трет свет со различни имиња и атрибути владее Калигула со илјадници лица”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа рецепта на Тесауро се однесува токму на тогашниот европски маниризам што се одвива под различни имиња: во Шпанија conceptismo или gongorismo, во Италија concettismo или marinismo (според поетот Марино, 1569-1625), во Англија euphizm, wit, conceit, во Франција preciosite, во Германија Sinnspiel, Sinngedicht.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во Милдред Пирс, Џоан Крафорд отелотворува токму таков вид на жестокост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наречете го тоа моќ на хистеријата или наречете го востание на абјектните, наречете го дури и феминистички гнев: можеби сите тие се различни имиња на едно и исто нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наеднаш спротивставувајќи ѝ се на презирната ќерка со секавичнa јарост во онаа прочуена кулминациска сцена, таа ѝ дава речовит и гламурозен израз на жестината што веќе им тлее на долго маргинализираните и малтретирани луѓе – жестина што лесно се разгорува во услови на краен стрес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле - ноќ. Се стемнило кога некој Богдан Преслапец, умен маж со сенка на замисленост во очите, му рекол на црниот Пандил Димулев дека двајца Онисифоровци се премногу за четириесетина луѓе со различни имиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и тие двајца чекале дружината да се определи за јама или за клада и секако да се определи за свој челник, за оној што ќе победи во недоразбирањето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во текот на западњачката историја ова јадро имало различни имиња - на пример, “бесмртна душа” или “дух” или “интелигенција” или “его” или “јаство”; но без оглед на неговото име тоа јадро е карактеристично за скоро сите антропологии на западното општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)